Поврзете се со нас

Македонија

Шкендија договори пет пријателски до стартот на сезоната

Објавено

на

Екипата на Шкендија додека се подготвува на Маврово го објави планот, поточно договорените пријателски мечеви до стартот на сезоната и секако настапот во квалификациите во Лигата на Европа.

Клубот од Тетово договори пет теста од кои само еден ќе го одигра на домашен терен и тоа против Работнички на 24 јули. „Црвено-црните“ ќе започнат со дуел со Вардар Форино кој ќе се одигра во недела, потоа на 16 ќе се соочи со Гостивар, а на 19 со Македонија ЃП во Маврово секако ако се биде во ред со „лавовите“ во чиј табор има позитивни случаи на КОВИД-19.

Генерлната проба Шкендија ќе ја има во Штип на 1 август против екипата на Брегалница.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни