Поврзете се со нас

Македонија

Шкендија без решение за Борец, Силекс со пресврт до победа и лидерска позиција во ПМФЛ

Објавено

на

Шкендија не успеа да го победи Борец, а Силекс славеше против Ренова-ова е епилогот од двата последни натпревари од четвртото коло во Првата македонска фудбалска лига.

„Црвено-црните“ важеа за голми фаворити на дуелот со Борец, меѓутоа тој статус не го оправдаа на теренот во Тетово и на крајот мораа да се задоволат со само еден освоен бод (1-1). Најважните моменти се случија во првиот дел, прво Станковски во 19 минута стрелаше за водство на велешани за да во 34 Дита погоди за домаќините и го израмни резултатот кој на крајот се покажа како конечен.

Силекс пред својата публика во Кратово ја доби Ренова со 3-1 и се врати на лидерската позиција на табелата. Гостите го зададоа првиот удар на почетокот на средбата преку Рамадани, но домаќините имаа одговор за ова и во финишот на првото полувреме постигнаа два брзи гола и го свртеа резултатот. Георгиев и Ристов беа автори на погодоците со кои домаќинот замина на пауза со предност.

Конечните 3-1 беа поставени во 58. минута со вториот гол на средбата на Георгиев.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни