Поврзете се со нас

Балкан

Шишковски одбрани пенал, па скопјанецот Садик донесе победа за Докса (ВИДЕО)

Објавено

на

Дамјан Шишковски и Душко Трајчевски извојуваа победа над Мартин Богатинов во македонската пресметка на Кипар.

Составот на Докса се избори за славје од 1-0 на гостувањето кај Ахна, резултат во кој голема улога одигра репрезентативецот Шишковски кој одбрани пенал во 10. минута при 0-0.

Токму ова ја зголеми самодовербата кај гостите кои преку Берат Садик се изборија за минимален триумф, но значајни три бода. Интересно за Садик е тоа што е роден во нашиот главен град Скопје пред 35 години.

Инаку Шишковски на овој дуел ги одигра сите 90 минути, Трајчевски беше стартер ама поцрвене во 35 минута, додека пак Бохатинов остана на клупата на Ахна.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни