Поврзете се со нас

Свет

Шишковски направи голема грешка и предизвика фудбалска драма на Кипар (Видео)

Објавено

на

Омонија ја оствари првата победа во новата сезона во најсилното фудбалско првенство на Кипар, откако оваа вечер во луд натпревар и неверојатна завршница направи пресврт во судиското надополнување.

Тимот од Никозија влезе со негатива во 90-та минута поради голот на Авто во 73-та минута, но и покрај тоа што имаше играч помалку на теренот, се избори за драма, а во истата режисер беше и македонскиот репрезентативен чувар на мрежата.

Дамјан Шишковски направи голема грешка на истекот на регуларниот дел и заработи црвен картон поради прекршок над противникот, по што силите беа израмнети на теренот, а Омонија доби шанса за израмнување.

Дурис израмни на 1:1, а длабоко во судиското продолжение, во 96-та минута следеше двојна казна за Докса, бидејќи Лечјак погоди за 2:1 и драматичен пресврт на стадионот во Никозија.

По исклучувањето на Шишковски, Димитрос беше голманот кој прими два гола, а дел од драматичната средба на Кипар беше и Душко Трајчевски кој го одигра цел меч.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни