Поврзете се со нас

Европски првенства

Шишковски: Една грешка може да го реши мечот со Австрија

Објавено

на

Националниот тим е веќе во Букурешт и максимално се подготвува за првиот предизвик на Европското првенство против селекцијата на Австрија.

Средбата се игра в недела од 18 часот, средба која за нас ќе биде дебитанска на големите фудбалски натпреварувања, но без разлика на тоа во македонската репрезентација се оптимисти дека ќе се прикажат во најдобро светло.

Со Австријците одигравме два натпревари во квалификациите за овој шампионат, доживеавме два порази, но лекцијата е научена и голема е желбата да се одиграме на високо ниво и оствариме значаен резултат.

-Одработивме одлични подготовки, атмосферата во репрезентација е на високо ниво, сите со нетрпение го очекуваме почетокот на првенството и првиот дуел со Австрија.

Научивме многу од претходните два натпревари со овој противник. Костурот на австриската репрезентација се фудбалери кои доаѓаат од Бундеслигата и физички се многу силни. Сите фудбалери се максимално мотивирани, ќе дадеме сѐ од себе за да оствариме позитивен резултат. Ќе биде тежок натпревар, една грешка може да го одлучи овој меч. Ќе се обидеме да докажеме и покажеме дека сме подобар тим, -вели голманот Дамјан Шишковски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни