Поврзете се со нас

Европски првенства

Ширер за односот на навивачите кон Саутгејт: Тие можат да ги искажат своите фрустрации, ама…

Објавено

на

foto: x.com/England

Англија ја оствари првата цел и како првопласирана селекција ја мина групата Ц на Европското првенство, но и покрај овој резултат има големо незадоволство кај навивачите, а причината за тоа е играта на националниот тим.

По последниот дуел со Словенија која заврши без голови, селекторот Герет Саутгејт заедно со играчите се упати да се поздрави со фановите кои почнаа да фрлаат со пластични чаши кон него.

Герет ја преземе одговорноста и порача дека подобро е навивачите гневот да го насочат кон него отколку кон тимот.

Англиските фанови го гаѓаа Саутгејт со празни чаши, селекторот испрати порака (ВИДЕО)

Алан Ширер како експерт и човек кој многу добро знае што значи англискиот дрес смета дека поддржувачите имаат право да ги искажат своите фрустрации, ама не на тој начин.

-Ја знае реакцијата на навивачите кон него, беше тотално погрешно да му фрлаат чаши пиво, тоа не е во ред. Навивачите можат да ги искажат своите фрустрации, ама не на тој начин. Тој разбира, а неговите зборови беа дека можеби тој е проблемот, тоа што го прави е да се обиде да ја тргне одговорноста од играчите и да ја стави на него, бидејќи може да се справи и тоа би го направиле врвните менаџери кога тимот е под притисок, -смета Ширер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни