Поврзете се со нас

Англија

Ширер за конфликтот со Гулит во Њукасл: Еден натпревар одлучуваше кој од нас двајца ќе замине

Објавено

на

Алан Ширер е запаметен како легенда на Њукасл Јунајтед и англиската Премиер лига, но неговиот престој во редовите на „црно-белите“ можел да биде пократок поради неговите недоразбирања со менаџерот Руд Гулит.

Холанѓанецот ја доби менаџерската функција во Њукасл, кога Ширер веќе беше голема ѕвезда на оваа екипа, а набргу двајцата започнуваат конфликт кој значеше заминување на еден од нив.

Сега Ширер открива дека ако Гулит не бил отпуштен по дуелот меѓу Њукасл и Сандерленд, тој дефинитивно ќе си заминел од „Ст. Џејмс Парк“.

– Немав никакви дилеми што ќе се случеше ако на тој 25. август во 1999 година, Њукасл го победеше Сандерленд.

– Сандерленд направи пресврт и Гулит немаше каде да бега, но ако резултатот беше спротивен, тој ќе останеше, а јас ќе заминев. Само Господ знае каде би било тоа. Денеска немаше да бидам рекордер според бројот на постигнати голови во Њукасл и немаше да има моја статуа пред стадионот, – открил Ширер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни