Поврзете се со нас

Англија

Ширер за дербито на „Енфилд Роуд“: Можам да видам само едно сценарио

Објавено

на

Премиер лигата е активна со 13.коло во кое дербито ќе се одигра на „Енфилд Роуд“ каде лидерот Ливерпул ќе го пречека актуелниот шампион Манчестер Сити.

Ова се две екипи кои влегуваат со сосема различна форма во соочување, „црвените“ кои едноставо „летаат“ и „граѓаните“ кои се во резултатска криза и веќе шест меча не знаа за триумф во сите конкуренција. Свој коментар, прогноза за неделното соочување има најдобриот стрелец во историјата на ПЛ, Алан Ширер кој смета дека е реално само едно сценарио, победа за четата на Арне Слот.

-Доколку Сити не се затегне и засили во средниот ред, Ливерпул може да ги реши. Има толку многу големи битки на кои треба да се радуваме. За кого и да се одлучи Пеп на левата бековска позиција, ќе има огромен предизвик. Со формата во која се наоѓа Сити, Ливерпул на Енфилд и опциите кои ги имаат во нападот, не можам да видам ништо друго освен победа на Ливерпул, -порача Ширер кој даде типови и за останатите мечеви.

Типови:

Вулверхемптон-Бормут 1

Кристал Палас-Њукасл x

Нотингем Форест-Ипсвич 1

Брентфорд-Лестер 1

Вест Хем-Арсенал 2

Челси-Астон Вила 1

Тотенхем-Фулам 1

Манчестер Јунајтед-Евертон 1

Брајтон-Саутемтон 1 (1-1 промашено)

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни