Поврзете се со нас

Англија

Ширер воодушевен од еден потег на Хојлунд: Покажа завиден напаѓачки инстинкт (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManUtd

Расмус Хојлунд често беше под голема опсервација од експертите во Англија и беше мета на критики во периодот кога се мачеше да постигне прв гол во Премиер лигата, но откако го направи тоа, младиот Данец полека изгледа како фудбалер кој навистина може да го исполни сиот потенцијал.

Талентираниот напаѓач влезе во посакувана форма и постигна седум гола на последните шест меча, од кои два беа клучни за победа против Лутон пред неколку дена.

Блесокот на Расмус на самиот старт на мечот се покажа како доволен за четврта победа во низа за „ѓаволите“, а по низата критики кои ги добиваше, сега се повеќе се слушаат пофални зборови за упорниот фудбалер кој пристигна од Аталанта.

– Навистина ми беше жал кога Хојлунд не постигнуваше голови, тоа беше тежок период за него. Овој тим на Јунајтед не креираше шанси за него, но тој константно се нудеше и секогаш беше на добра позиција во шеснаесетникот. На крајот, му се исплатеше што беше упорен и што беше трпелив.

– Посебно импресивен за мене е вториот гол против Лутон, покажа завиден напаѓачки инстинкт, во дел од секунда размисли со главата и го помести телото за топката да заврши во голот. Тоа беше неверојатен гол. Навистина многу ми се допаѓа, крилата не креираа шанси за него, но никогаш не паничеше и секогаш беше онаму кадешто треба. Сега добива награда за тоа што чекаше и сметам дека ќе биде извонреден фудбалер, – анализира Алан Ширер, најдобриот голгетер во историјата на Премиер лигата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни