Поврзете се со нас

Европски првенства

Ширер воодушевен од акцијата на Французите: Какво додавање, каков финиш… (Видео)

Објавено

на

Франција со ремито против Португалија го освои првото место во својата група, а фановите на актуелниот светски првак можат да бидат задоволни од формата на Пол Погба.

Играчот од средниот ред одигра на високо ниво на досегашните три средби на Европското првенство, а денеска заработи комплименти и со додавањето за вториот гол на својата селекција.

На почетокот на второто полувреме, Погба испрати маестрален пас до Карим Бензема, а овој го претвори во погодок. Тоа е и моментот кој го воодушеви легендарниот Алан Ширер.

– Какво додавање на Погба, каков тежок пас и каков тајминг за спринт. Целата акција беше перфекција.

– Точно е дека Диас е спор, но ова беше одлично финиширање од Бензема, – изјавил Ширер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни