Поврзете се со нас

Англија

Ширер: Во Сити и Ливерпул би давал по 45 голови

Објавено

на

Алан Ширер е еден од фудбалските асови кој остави голема трага на островот играјќи за Саутемптон, Блекбурн и Њукасл Јунајтед.

Тој едноставно беше незадржлив, вистинска гол машина и во неколку наврати беше стрелец број еден во најсилната англиска конкуренција. За тоа колку Ширер беше добар најдобро говори фактот што и денеска тој е човекот кој го држи рекордот, односно е играч со најмногу постигнати голови во Премиер лигата.

Токму Алан се обиде да направи споредба колку би бил добар во денешениот фудбал, па според него ако сега би бил дел од Манчестер Сити или Ливерпул по давал по 40-45 погодоци во сезона.

-Во денешниот Ливерпул или Сити со оглед на бројните шанси што ги создаваат овие тимови, солиден напаѓач може да постигне околу дваесет, а врвен напаѓач во своите најдобри години, како што бев јас би дал од 40 до 45 гола. Кој бил добар фудбалер во седумдесетите или деведесетите, би бил добар и денес. Спортската технологија многу напредна и фудбалерите имаат многу повеќе можности, знаење и експерти кои се грижат за нив, -порача некогашниот англиски репрезентативец.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни