Поврзете се со нас

Англија

Ширер: Системот на Аморим го прави Јунајтед полош и од времето на Тен Хаг!

Објавено

на

Foto:x.com/ManUtd

Рубен Аморим беше брутално искрен по новиот пораз на домашен терен и нагласи дека тимот кој го води најверојатно е најлошиот во историјата на Манчестер Јунајтед, притоа преземајќи добар дел од вината за лошите резултати откако го презаема кормилото на „Олд Трафорд“.

Португалскиот стручњак нагласи дека тој почесто губи и од неговиот претходник Ерик Тен Хаг, а сега легендарниот Алан Ширер се обиде да објасни зошто се случува сценарио кое никој не можеше да го замисли.

Манчестер Јунајтед има само три победи на последните десет натпревари во Премиер лигата со новиот менаџер, очајна статистика која според најдобриот голгетер во историјата на англискиот фудбал се должи и на системот кој го негува и форсира португалскиот стручњак.

Сакајќи да го примени рецептот кој му беше успешен во Спортинг Лисабон, Аморим бара од своите играчи да го менуваат системот во одбрана во одредени фази од мечот и повремено се игра со тројца, а повремено со петмина дефанзивци, нешто што дефинитивно не вродува со плод ако се земе во предвид колку често Онана ја вади топката од својата мрежа.

– Јунајтед во моментов е полош и од времето на Ерик Тен Хаг поради системот кој се обидува да го наметне новиот менаџер. Едноставно овој тим на Јунајтед не може да игра онака какошто Аморим замислил. Овие играчи едноставно не можат да го направат тоа што тој го бара од нив, – вели Ширер.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни