Англија
Ширер шокиран од пеналот кој го доби Ливерпул: Патетична одлука (Видео)

Кристал Палас беше подобар од Ливерпул во второто полувреме и беше блиску до израмнување на 2:2, но наместо тоа, на крајот прими гол за 1:3 и тука стана јасно дека гостите од „Енфилд Роуд“ ги освојуваат трите бода.
Алисон Бекер со своите добри реакции одигра клучна улога во победата на Ливерпул, но во самата завршница, многу полемики предизвика досудениот пенал во корист на Жота, а кој подоцна го материјализираше Фабињо за конечни 1:3 во 89-та минута.
Повторените снимки покажаа дека Жота намерно се удри во голманот Гуаите и изнуди контакт, па поради тоа, Алан Ширер не го криеше бесот и ги нападна судиите, главниот на теренот и оној во ВАР собата.
– Кога ја видов ситуацијата во живо, веднаш знаев дека тоа е голманска топка. Кевин Френд и Крег Посон треба да се засрамат, не знам како можеа да досудат толку смешна, погрешна и патетична одлука. Едностсавно глупава одлука, не знам дали може да се додаде уште некој збор.
– Стандардот на судење оваа сезона е ужасен и тоа мора да се нагласи. Имаше толку лоши одлуки, ВАР ги прави нашите судии уште полоши. Се гледа дека се под притисок и одлуките се катастрофални. Ова не е пенал во ниту еден случај, а кога ваква одлука ќе донесат поискусни судии, тоа навистина ме иритира, – порачува легендарниот Ширер.
-
Шпанијапред 24 часа
Азар се врати и му ја скрши ногата на противникот, играчот на Кадиз покажа како изгледа стапалото (Видео)
-
Францијапред 23 часа
Премиерлигаш се обидел да ја искористи „битката“ на ПСЖ и Реал за Мбапе
-
Италијапред 24 часа
Сари: Милинковиќ-Савиќ нема да оди во Јувентус
-
Италијапред 20 часа
Ди Марија му рекол „да“ на најзагреаниот клуб за неговиот потпис
-
Англијапред 17 часа
Фердинанд: Јунајтед е еден од најлошите клубови во светот за испраќање легенди!
-
Лига на шампионипред 20 часа
Чеферин со најава за големото финале во ЛШ: Реал има слаба одбрана, но девет животи!
-
НБАпред 23 часа
Голем скандал: НБА играч и се заканувал со пиштол на својата партнерка
-
Светски првенствапред 12 часа
Преседан во најава: Италија може да игра на Мундијалот, тоа го најави висок спортски работник од оваа земја