Англија
Ширер: Само еден премиерлигаш може да си го дозволи Исак
Правилата за профит и одржливост на еден фудбалски клуб прават англиските премиерлигаши да бидат доста полимитирани кога се во прашање највисоките трансфери во светскиот фудбал, па затоа Алан Ширер смета дека во моментов само еден англиски клуб може да си го дозволи Александер Исак.
Швеѓанецот блеска во Њукасл и за многумина е убедливо најдобар напаѓач во Премиер лигата во овој момент, статус кој направи неговата пазарна вредност да достигне и неверојатни 150 милиони фунти.
Тоа е сумата која Њукасл ја испраќа како сигнал до јавноста преку најблиските медиуми, што воедно е јасно предупредување до секој голем клуб кој го посакува Исак во своите редови.
– Освен Челси, не гледам кој друг клуб може да си го дозволи Исак во овој момент. Правилата за профит и одржливост се доста ригидни, па затоа сметам дека само еден клуб може да си дозволи толку голема сума на пари.
– Не велам дека тие правила се добри, но јас не сум тој кој треба да кажува колку Њукасл го проценува својот фудбалер. Слушнав дека се зборува за 150 милиони фунти, но прашањето е следно? Во кого ќе ги пренамените тие пари, во моментов сите посакуваат да имаат играч како Исак, – потенцира Ширер.
-
Репрезентација17 часа
Лазаров: Момците покажаа дека знаат како се игра и против „досаден“ ривал
-
АТП22 часа
Ѓоковиќ освои луд поен на сет топка и предизвика лудница во Мелбурн (Видео)
-
Светски првенства15 часа
ИХФ го издвои ремек-делото на „Фитиљ“: Чиста моќ на Кузмановски (Видео)
-
АТП21 час
Ѓоковиќ имаше негатива, па го преслуша Алкарас за полуфинале во Мелбурн
-
Светски првенства16 часа
Пајовиќ посочи дека тактиката на Лазаров им направила големи проблеми на Австријците: Чувствувам горчина
-
АТП17 часа
Алкарас не му верува на Ѓоковиќ: Не велам дека правеше шоу со повредата, но…..
-
Светски првенства19 часа
Митревски по ремито со Австрија: Се надевам дека ќе се опоравиме од настинките кои преовладуваат во тимот
-
Италија23 часа
Наполи го убедува Јунајтед за трансфер на Гарначо со привлечна „клаузула“