Поврзете се со нас

Англија

Ширер распали по повратникот во стартниот тим на Јунајтед: Повторно го прави истото…..

Објавено

на

foto:twitter.com/EmiratesFACup

Манчестер Јунајтед победи на гостувањето кај Нотингем Форест благодарение на голот на Касемиро во самата завршница, па на тој начин спречи дополнителни маки за фановите, но и за менаџерот Ерик Тен Хаг.

Јунајтед се пласираше во четвртфиналето на ФА Купот и во оваа рунда ќе ги одмери силите со Ливерпул, но пред да дојде до таа пресметка, холандскиот стручњак реши да им даде шанса и на играчи кои немаат никаква самодоверба.

Антони влезе во 99-та минута против Фулам и одигра само 30 секунди, па вчера беше вратен во стартната постава и реално не прикажа ништо добро со своето издание.

Бразилецот не ги користи шансите и не изгледа како играч за кого беа платени речиси 100 милиони евра, па тоа му носи жестоки критики како онаа последната од Алан Ширер.

– Антони сигурно ќе биде разочаран што е првата измена на Тен Хаг, но тој не направи ништо добро што ќе му гарантира да остане подолго на теренот. Повторно беше оној стариот, повторно го прави истото….

– Ја прима топката, оди внатрешно, ја додава до некој или шутира. Многу е предвидлив и не е доволно за некој што чинеше толку многу пари, – порача Ширер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни