Поврзете се со нас

Европски првенства

Ширер побара три замени од Саутгејт за дуелот со Словачка

Објавено

на

foto:twitter.com/EmiratesFACup

Алан Ширер и натаму ги коментира случувањата на ЕП како аналитичар на „Би-Би-Си“, а во пресрет на осминафиналето меѓу Англија и Словачка испратил јасна порака до Герет Саутгејт.

Поранешниот напаѓач се навратил на одличните изданија на Коби Мејну, Кол Палмер и Ентони Гордон како резервисти на дуелот со Словенија и потенцирал дека тоа треба да биде знак за селекторот дека се потребни промени во тимот.

– Мејну влезе на полувреме, мислам дека другите две замени беа направени предоцна.

– Но, сите тројца заедно имаа ефект на теренот каков што ни е потребен. Мејну креираше, Палмер донесе потези и свежина кои направија разлика, а комуницираше одлично и со Гордон.

– Во тие три-четири минути во кои играше Гордон видовме повеќе на левата страна од сето она што го направивме на цели три натпревари. Саутгејт дефинитивно треба да направи промени за дуелот со Словачка, – вели Ширер кој посакува овие тројца млади фудбалери да добијат шанса во осминафиналето.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни