Ширер објасни зошто Ливерпул нема да донесе замена за Кутињо во овој преоден рок

liverpul

Најдобриот стрелец во историјата на Премиер лигата, Алан Ширер не верува оти Ливерпул ќе ги инвестира парите добиени за Филипе Кутињо во овој преоден рок.

„Црвените“ за Кутињо добија 120 милиони евра, сума која може да достигне и до 160 ако се исполнат клаузулите во договорот. Како можни наследници за Кутињо се споменуваа Томас Лемар и Ријад Марез, но тој искрено не верува во таков исход и некој бомбастичен трансфер во овој месец.

-Ќе бидам изненаден ако тие го заменат Кутињо во овој преоден рок. Знам оти се обидуваат да го забрзаат доаѓањето на Кеита, отколку да чекаат на крајот на сезоната. Ама ги имаат парите во банка. Ние зборуваме за Лемар од Монако и Марез. Меѓутоа ќе биде изненадување ако во овој месец тие го заменат Кутињо. Мора да почекаат, да ги разгледаат сите опции и да видам дали можат да го завршат нивниот бизнис на крајот на сезоната, -рече Ширер.

Ова се совпаѓа и со изјавата на Јирген Клоп кој јасно посочи дека не планира да направи луд потег и по секоја цена да донесе наследник на Бразилецот.

Facebook Коментари