Ширер нема дилеми: Тој сигурно би го добил мојот глас за играч на годината

sirer-geri-rajt

Еден од асовите кој одбележа една ера во англискиот фудбал, Алан Ширер нема дилеми на прашањето за најдобриот играч во Премиер лигата во оваа сезона.

Здружението на професионални фудбалери од Англија (PFA) ги избра шесте кандидати кои ќе ја водат оваа битка-Лерој Сане, Кевин де Брујн, Давид Силва, Мохамед Салах, Хари Кејн и Давид Де Хеа. Еден од овие фудбалери ќе го добијат признанието со тоа што изборот на Ширер е Салах кој сезонава постигна 40 голови во сите конкуренции од кои 30 се во Премиер лигата,

-Никој не можеше да предвиди дека Салах ќе биде толку жежок како што е, откaко Ливерпул потпиша со него минатото лето. Всушност, имаше една или две подигнати веѓи кога „црвените платија за него 34,3 милиони фунти, иако тоа повеќе се однесуваше поради неговиот престој во Челси. Ама, тој сега дефинитивно би го добил мојот глас за играч на годината. Реков ќе почекам да видам како ќе заврши битката меѓу Ливерпул и Сити во ЛШ пред да одлучам дали таа награда треба да заврши кај Салах или Де Брујн. Но со она што Салах го направи во овие две средби, постигнувајќи голови и влечејќи го својот тим во полуфиналето, сега ќе биде мојот избор. Де Брујн исто така беше прекрасен и така беше во саботата против Тотенхем. Меѓутоа знам колку е тешко да се даваат голови и затоа би гласал за Салах кој сега има 40 погодоци во сите натпреварувања за Ливерпул, -истакнал Ширер за „Сан“.

Facebook Коментари