Поврзете се со нас

Англија

Ширер нема дилеми: Халанд ќе го собори мојот рекорд во ПЛ

Објавено

на

Foto:x.com/ManCity

Ерлинг Халанд доби неверојатен договор од Манчестер Сити, договор според кој треба да остане на „Итихад“ до далечната 2034 година.

Овој договор ја изненади фудбалската јавност пред се поради должината на истиот, ама тоа е јасен сигнал дека Норвежанецот му верува на клубот и обратно, односно дека ќе имаат перфекетна соработка во нареднатата деценија.

Халанд досега има постигнато 79 погодоци на 87 средби за Сити во ПЛ, бројки кои дефинитивно ќе растат во иднина, па сегашниот рекордер Алан Ширер е убеден дека скандинавецот еден ден ќе го надмине на вечната листа,

-Ако остане толку долго, без сомнеж ќе го собори тој рекорд. Мојот рекорд ќе биде надминат еден ден. Можеби дотогаш ќе биде некој друг – како Хари Кејн или Мохамед Салах. Имаше одлични стрелци пред да се родам јас кои имаат неверојатни рекорди. Мојот рекорд ќе биде поминат еден ден, сигурен сум во тоа, -порача Ширер.

Инаку Алан застана на бројката од 260 голови, втор на листата е Хари Кејн со 213, додека трет е Вејн Руни со 208 погодоци.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни