Англија
Ширер, Линекер и Ричардс го прогнозираа освојувачот на пехарот во ФА Купот

ФА Купот ќе добие нов шампион, тим кој ќе го има трофејот во своите витрини откако актуелниот Манчестер Јунајтед загуби од Фулам во осминафиналната рунда.
Веќе се познати паровите за четвртфиналето, имаме лондонска битка на Фулам и Кристал Палас, Астон Вила пак го доби најлесниот ривал на хартија и оди на Престон, Брајтон е домаќин на Нотингем Форест, додека Борнмут ќе го пречека Манчестер Сити.
Ова се мечеви кои дефинитивно ќе понудат возбудувања, голема борба, а дека ништо не се знае најдобро говори тоа што три поранешни англиски репрезентативци имаат три различни мислења, ставови околу тоа кој на крајот ќе го подигне пехарот во ова натпреварување.
Најдобриот голгетер во историјата на ПЛ, Алан Ширер „става пари“ на Астон Вила, Гери Линекер пак смета дека Борнмут може да испише историја и да триумфира, додека Мајка Ричардс смета дека нема да има изненадување и Манчестер Сити ќе го потврди статусот на фаворит во ова друштво.
-
Свет11 часа
Атрактивен гол на ветеранот: Мајсторијата на Меси го најави пресвртот на Интер Мајами (ВИДЕО)
-
Италија21 час
Интер ја реши Аталанта и се зацврсти на врвот во Серија А (ВИДЕО)
-
Италија12 часа
Мота: Оставка? Тоа е премногу лесно…
-
Шпанија12 часа
Симеоне за неверојатниот пресврт на Барселона: Направив грешка со една измена
-
Шпанија20 часа
Барселона со пеколен пресврт го сруши Атлетико на „Метрополитано“ (ВИДЕО)
-
Англија6 часа
Ова никогаш не му се случило: Салах со негативен рекорд во поразот од Њукасл
-
Англија9 часа
Постекоглу влезе во конфликт со навивач на Тотенхем, Тел мораше да ја смирува ситуацијата (ВИДЕО)
-
Свет9 часа
Рамос шутна противнички играч и заработи директен црвен картон (ВИДЕО)