Поврзете се со нас

Англија

Ширер: Лампард ќе добие удар во заби ако…..

Објавено

на

Англиската и германската јавност на големо зборува и пишува за трансферот на Тимо Вернер во редовите на Челси, а тоа индиректно го потврди и Јирген Клоп кој се обиде да објасни зошто не тргнал максимално кон услугите на германскиот репрезентативец.

Јавноста веќе го најавува Вернер како второ големо летно засилување за клубот од Лондон, откако претходно Челси навреме реагираше и го ангажира Хаким Зијеш од редовите на Ајакс.

Со ваквите потези, Челси јасно става до знаење дека ќе има огромни амбиции наредната сезона и цел ќе биде да се впушти во шампионската трка, но легендарниот Алан Ширер смета дека Лампард има многу поважна работа, односно да обезбеди пласман во Лигата на шампионите по рестартот на сезоната.

Челси како четврт на табелата има три бодови повеќе од Јунајтед кој е на петтото место, односно пет помалку од Лестер кој е трет.

– Потпишувањето на Тимо Вернер е голема вест од Челси. Но, Лампард ќе добие удар во забите ако не завршат во топ четири после сето ова.

– Заедно со Хаким Зијеш, добија двајца големи играчи уште пред отворањето на летниот трансфер пазар.  Сега ќе имаат голема обврска до крајот на сезоната, иако тимот делува навистина добро, – порача Ширер за „Сан“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни