Поврзете се со нас

Англија

Ширер: Кејн ќе го избрише мојот рекорд ако се пресели во Сити

Објавено

на

Хари Кејн е еден од играчите за кој ова лето ќе се зборува, а причината за тоа е секако можното заминување од Тотенхем.

Тој е под договор со клубот од северен Лондон, ама неговата желба е да замине и побара нов предизвик во кариерата. Како најсериозен кандидат за неговиот потпис е шампионот Манчестер Сити и веќе дел од медиумите пренесоа двата клуба имале првични разговори на оваа тема за што ќе биде потребно за да се реализира зделката.

Додека се чека нова вест на оваа тема, легендарниот Алан Ширер проговори за неговиот рекорд како најдобар стрелец во Премиер лигата, односно дали Хари Кејн може да го симне од врвот во иднина.

-Дали се потам? Не. Дал мислам дека тоа ќе го направи? Веројатно ќе успее. Го имам веќе 20 години и еден ден тоа ќе се случи, ако биде зошто Хари тоа да не го направи, тој е добро момче. Тој апсолутно ќе го избриши рекордот ако замине во Сити за три или четири години, -рече Ширер.

Алан на своето конто како стрелец број еден има 240 погодоци, додека Кејн досега има 166 голови во ПЛ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни