Поврзете се со нас

Англија

Ширер: Јунајтед има голем проблем во соблекувалната, четворица играчи се откажаа од борба

Објавено

на

Алан Ширер како легенда на Њукасл уживаше во победата која ја оствари неговиот омилен тим над Манчестер Јунајтед, но кога дојде ред објективно да го анализира дербито, најдобриот голгетер во историјата на Премиер лигата не штедеше критики за ривалот.

Ширер се надоврза на низата жестоки критики кои ги добива Јунајтед за пристапот кој го имаше на „Ст. Џејмс парк“, а Ширер вели дека тој натпревар всушност ја отсликал лошата атмосфера која владее во соблекуваланта на Ерик Тен Хаг.

– Сметам дека Јунајтед беше вистински хаос, сметам дека беа ужасни на теренот. Пристапот на играчите беше ужасен, мислам дека ова беше хајлајт на нивниот лош пристап. Кога работите одат добро на теренот, лесно е да ја нагазите топката, да играте убаво и да постигнувате голови, тешко е кога работите не одат добро.

– Уште потешко е кога гледате дека имате играч кои не се борат, кои рано се откажуваат и кои изгледаат како луѓе кои не го поддржуваат тренерот. Од тоа што го видов, тројца или четворица играчи се откажаа од борба против Њукасл, не ги завртеа ракавите и прелесно се откажаа од борба.

– Добив јасен знак дека нешто се случува во нивната соблекувална, има голем проблем таму. Кога ќе видите неколку играчи како креваат раменици и не преземаат вина, тогаш знаете дека има огромен проблем во соблекувалната. Такво нешто видов доста пати од играчите на Јунајтед оваа сезона, – анализира Ширер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни