Ширер ја пронајде новата „фабулозна тројка“ на Ливерпул и ги посочи играчите кои го решија големото дерби

sirer-mikro

Присутните експерти во студиото на „Скај Спортс“ направија исцрпни анализи за големото дерби кое се одигра на „Енфилд Роуд“ меѓу Ливерпул и Манчестер Сити, но покрај мислењата на Мурињо и Кин кои заклучија дека прашањето околу титулата во Премиер лигата е веќе решено, еден ден подоцна, со своја интересна колумна излезе Алан Ширер.

Легендарниот англиски напаѓач во својот текст кој го напиша за таблоидот „Сан“ ја пронајде новата „фабулозна тројка“ на Ливерпул, оставајќи ги во втор план ударните играчи во нападот, Мане, Салах и Фирмино кои редновно се најзаслужни за ултраофанзивните изданија на тимот на Јирген Клоп.

– Сакам да слушнам повеќе комплименти за средниот ред на Ливерпул. Ќе ги наречам „фабулозна тројка“ (прекрасна тројка). Ова динамично трио има тенденција да биде втора загатка и втор ред зад Мо Салах, Садио Мане и Роберто Фирмино. Вчера, главната разлика беа моторите во средината. Фабињо, Вајналдум и Хендерсон направија Ливерпул да го контролира мечот. Имаа одговор за се и покажаа како изгледа среден ред од светска класа. Продуктивни, се штитета еден со друг, беа креативни и учествуваа во головите, – пишува Ширер.

Facebook Коментари