Поврзете се со нас

Англија

Ширер има „сигурен“ тип за неделното дерби: Еден дуел ќе биде решавачки на „Итихад“

Објавено

на

Манчестер Сити и Арсенал ќе се соочат во недела во блокбастер дербито на Премиер лигата, а резултатот од овој натпревар ќе има директно влијание и врз трката за шампионската титула.

Англиската легенда Алан Ширер го прогнозирала дербито на „Итихад“ и потенцирал две работи. Првата е дека Арсенал ќе биде задоволен со бод, а втората дека решавачки ќе биде дуелот на Халанд со Салиба, односно Халанд против стоперите на „топчиите“.

– Ако му понудите опција на Арсенал да се врати од „Итихад“ со бод како минатата сезона, сигурен сум дека ќе ви ја стиснат раката како потврда за договор.

– Арсенал не мора да победи, а според мене ја има најдобрата дефанзивна четворка, поддржана од останатите играчи.

– Едвај чекам да го гледам дуелот меѓу Халанд и Салиба, а победникот во недела може да биде одлучен со дуелот меѓу Ерлинг и стоперите на Арсенал.

– Јас би типувал реми, двете екипи играа во Лигата на шампионите, па мислам дека Сити нема да биде разочаран со реми, иако игра на домашен терен, – рекол Ширер.

Поранешниот напаѓач смета дека Манчестер Јунајтед и Њукасл ќе ремизираат со Кристал Палас, односно Фулам, додека Ливерпул ќе го победи Борнмут.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни