Поврзете се со нас

Англија

Ширер и Сен Максиман му посветија емотивни пораки на Брус (Фото)

Објавено

на

Стив Брус ова претпладне и официјално се раздели со новите газди од Њукасл и јасно е дека не е во новиот милијардески план на клубот, па по се изгледа, јубилејниот 1000-ти меч како менаџер ќе биде и последен за него во тренерската кариера.

Самиот Брус со брутално интервју призна дека размислува за повлекување од менаџерската работа после сите понижувања кои ги доби во Њукасл во изминатите две години, а со оглед на тоа што многумина сочувствуваат со судбината која го снајде легендарниот Стив, со пораки за поддршки се јавија и две важни имиња.

Стив Брус излезе со брутална изјава откако заработи отказ од саудијските милијардери

Алан Ширер му испрати емотивна порака на досегашниот менаџер, а се јави и најголемата ѕвезда од актуелниот тим на Њукасл, Алан Сен Максиман.

– Знам колку беше тешко за било кој менаџер на Њукасл во изминатите 14 години. Исто така знам колку Стиви и неговото семејство сакаше да успее работата. Во многу тешки услови за сите, тој го остави Њукасл во Премиер лигата две сезони. Почнува нова ера, но ти благодарам Стиви за твојот труд и посветеноста, – порача Ширер.

– Беше чест и привилегија да се работи со тебе како тренер Стиви. Без никаков сомнеж, ти си еден од најголемите џентлмени кои сум ги сретнал во фудбалот. Ти си човек од збор, грижлив и праведен човек кој никогаш не се двоумеше да не заштити. Никогаш нема да заборавам како ме третираше, засекогаш ќе ти бидам благодарен, – напиша Сен Максиман.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни