Поврзете се со нас

Англија

Ширер го советува Саутгејт за нападот на Англија: Тој мора да биде „деветка“ на ЕП во Германија

Објавено

на

Алан Ширер е сигурен дека англискиот селектор Герет Саутгејт ќе има „слатки маки“ во изборот на фудбалери кои ќе ја претставуваат земјата и ќе бидат стартери на Европското првенство во Германија, но самиот има неколку предлози за селекторот.

Легендарниот голгетер е убеден дека шест фудбалери мора да бидат во стартниот состав на Англија, па дури и по цена за мала промена на позицијата на Хари Кејн.

– Букајо Сака, Фил Фоуден, Џуд Белингам, Хари Кејн, Деклан Рајс и Оли Воткинс се меѓу фудбалерите во најдобра форма во Европа во овие моменти и ќе имаат важна улога на ЕП.

– Според мене Воткинс треба да игра како „деветка“, додека Кејн да се врати малку поназад како „десетка“, позиција за која знаеме дека му одговара и од која и досега креирал многу за своите клубови и националниот тим.

– Можеби ќе биде првпат, досега не играле заедно во репрезентацијата, но сезонава Воткинс делува како играч со најголем напредок во Премиер лигата. Тој е вистински кошмар за противничките дефанзивци со неговите движења, ме потсетува на Џермејн Дефо, – вели Ширер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни