Лига на шампиони
Ширер го одбра фаворитот за титулата во ЛШ: Тие се многу опасни…

Легендарниот англиски напаѓач, Алан Ширер го посочи тимот кој според него е главен фаворит за титулата во Лигата на шампионите.
Најдобриот стрелец во историјата на Премиер лигата смета дека една екипа се издвојува и може да оди до крај во оваа натпреварувачка 2024/2025, а тоа е бранителот на трофејот Реал Мадрид кој не се прослави во групната фаза, ама затоа покажа сила во плејоф двомечот со Манчестер Сити.
-Тие изгледаат многу опасно, Реал Мадрид, откако имаа еден или два лоши резултати во првенствените натпревари. Два настапи против Сити, дома и на гости ќе испрати огромно предупредување до остатокот од Европа во однос на тимовите што се останати. Тие знаат дека тоа е нивно натпреварување, знаат колку добро им оди и се истакнуваат во тоа и мора да ја освојат.
-Да, тие се фаворити, апсолутно. Дефинитивно! Ова мора да биде сон, задоволство за оние момци со големиот број на шанси што ги создаваат и количината на способности што ги имаат. Значи, Реал Мадрид е многу, многу силен и тие се без сомнеж, мои фаворити за победа. Тројцата или четворицата се брилијантни при ротација, па ако Винисиус Жуниор сака да се спушти на средината, тогаш Килијан ќе оди на страна. Сите тие се подеднакво добри каде и да се.
-Можеш да кажеш се што сакаш за одбраната. Одбраната беше ужасна на моменти од Манчестер Сити и не можете никому да му дадете простор каков што им даде. Ама мора да го испочитуваме Мбапе. Трите гола беа исто така многу, многу различни. Три одлични завршници, но многу различни, -истакна Ширер.
-
Репрезентација24 часа
Миовски: Болно е да примите гол во последните десет секунди, но ова…
-
Светски првенства24 часа
Поранешен велшки репрезентативец за драмата во Скопје: Велс имаше јасен план, а ремито е како победа
-
Шпанија15 часа
Лопетеги не се кае: Повторно би ја прифатил понудата од Реал, совеста…
-
Светски првенства14 часа
Бразилците пропаднаа на „Монументал“, Аргентина обезбеди билет за СП (ВИДЕО)
-
Светски првенства12 часа
Велшаните критикуваа, Белами врати: Се надевам ќе му подигнат статуа!
-
АТП15 часа
Музети тргна моќно, па беше разбиен од Ѓоковиќ во Мајами (ВИДЕО)
-
Светски првенства14 часа
Белами: Очекував повеќе од Македонија, заслуживме да победиме!
-
Репрезентација23 часа
Елмас: Жал ми е, испуштивме три големи бода…