Поврзете се со нас

Англија

Ширер го коментираше спорниот гол на Арсенал на „Олд Трафорд“

Објавено

на

Англиските стручни коментатори се најдоа во интересна ситуација да направат проценка за спорниот гол на Арсенал на премиерлигашкото дерби со Манчестер Јунајтед.

Смит-Роу постигна гол додека Де Хеа се жалеше на повреда, но голманот на Јунајтед настрада во дуел со својот соиграч Фред. Погодокот на гостите отвори дебата дали требало да биде признат, а Алан Ширер смета дека немало причина за поништување на голот.

– Мојот прв впечаток беше дека е гол.

– Не слушнав дека судијата свирна и не видов прекршок над голманот, мислам дека тоа се случува често.

– Голманот падна на земја без да размислува каде е топката и сметам дека не треба така да се постапува. Ако беше сериозна повреда, можеби ќе имаше аргумент за ситуација во која Арсенал би му дозволил на Јунајтед да постигне гол, но една минута подоцна Де Хеа одеше нормално и не му беше ништо, – изјавил Ширер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни