Поврзете се со нас

Англија

Ширер: Белингам покажа дека е арогантен

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Ароганцијата често знае да се посочи како негативна страна на голем број познати фудбалски ѕвезди, но во случајот на Џуд Белингам, Алан Ширер ја извлекува само позитивната конотација од значењето на овој збор.

Најдобриот голгетер во историјата на Премиер лигата гледа доза на ароганција кај младиот фудбалер на Реал Мадрид, меѓутоа тоа го преточува само во позитивен контект и мислејќи на притисокот со кој успеа да се справи на „Сантијаго Бернабеу“.

– Џуд е едноставно феноменален. Не може да не бидете импресионирани од начинот на кој се носи. Белингам покажа дека е арогантен, но таа ароганција е позитивна.

– Не го велам ова на негативен начин, го гледам од позитивна страна. За да го правите тоа што тој го правеше, мора да бидете и арогантен. Сите знаевме дека е голем талент, но начинот на кој играше за најголемиот клуб во светот изгледаше како да се шета во паркот во своето маало.

– Уште повеќе ме импресионира како се справува и како раководи со медиумите и новинарите. Ист е притисокот кога играте за Англија, или Реал Мадрид, а не секој може да се справи на добар начин. Белингем не се справува добро, тој се справува импресивно и навистина сум воодушевен од него, – вели Ширер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни