Поврзете се со нас

Англија

Ширер: Арсенал останува во битката за титулата, но не го реши најголемиот проблем

Објавено

на

Арсенал вчера оствари убедлива победа во дуелот со Кристал Палас, па прекинувајќи ја својата негативна серија во Премиер лигата, останува блиску до Ливерпул и Манчестер Сити, кои допрва ќе треба да остварат победи ако сакаат да ја одржат досегашната предност во однос на „топчиите“.

Легендарниот Алан Ширер во својата последна колумна за „Би-Би-Си“ го коментирал последниот успех на Арсенал, истовремено потенцирајќи дека Микел Артета и натаму има потреба од врвен напаѓач.

– Ако фудбалерите на Арсенал имаа проблем со загубената самодоверба по три порази во серија, Кристал Палас се покажа како перфектен ривал за да ги врати во посакуваната позиција.

– „Орлите“ беа толку слаби и пасивни, во ниту една секунда не помислив дека можат да му создадат проблеми на тимот на Артета. Понудија едно големо ништо и заслужија ваков пораз.

– Покрај тоа што Арсенал постигна пет гола, не сум го променил мислењето за она што му недостасува на Артета во тимот. И покрај лошата серија, тие заостануваат само два бода зад Ливерпул, но се уште мислам дека им е потребен квалитетен напаѓач за да ја освојат Премиер лигата.

– Бев на „Емирејтс“ кога загубија од Вест Хем и Ливерпул, имаа можност да ги добијат двата натпревара, но не ги искористија шансите, а некогаш се мачеа и да упатат удар кон противничкиот гол. Мислев дека Ајван Тони ќе биде решение бидејќи крилните фудбалери можат добро да го „хранат“ со топки, но се чини дека клубот нема да преземе ваков чекор во овој преоден рок. Не верувам во тезата дека Арсенал загубил дел од офанзивниот потенцијал за да добие дефанзивна стабилност, едноставно не ги користат шансите кои ги создаваат, – вели Ширер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни