Германија
Шира: Елмас може да си замине од Лајпциг
Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас на почетокот на оваа календарска година премина од Наполи во РБ Лајпциг со цел да добие вистинска шанса и простор да ги покаже своите квалитети, да биде стандарден првотимец и направи исчекор во кариерата.
Меѓутоа засега таа приказна не се движи во правецот во кој посакуваше офанзивецот, па се погласно се говори за тоа дека Елмас може да ги напушти „биковите“. Елмас има одиграно само шест натпревари во актуелнава кампања или поточно само 89 минути што е премалку, а ако се земе предвид дека тој во моментов е повреден може и неговиот престој во Лајпциг да е завршен.
На оваа тема пишува и познатиот новинар Николо Шира кој пренесува дека Елиф посакува поголема минутажа и отворено размислува за иднината, односно може во 2025 да го водиме во друга клупска средина.
Како што е познато Елмас ја започна сениорската кариера од Работнички од каде премина во турскиот великан Фенербахче. Потоа му се отвори вратат и заигра за Наполи за да сега го носи дресот на Лајцпциг со кого има договор до 30 јуни 2028 година.
-
Англија18 часа
Артета со ист проблем како Венгер, навивачите на Арсенал имаа интересни коментари (ВИДЕО)
-
Шпанија17 часа
Ван Дер Варт за Мбапе: Тешко му е да прифати дека е „само уште еден играч“…
-
Свет17 часа
Реал во група со тимот на Нејмар и Митровиќ, Интер Мајами ќе игра на отварањето на Светското клупско првенство (ФОТО)
-
Свет16 часа
Кјелини за дебатата Меси или Роналдо: Ако треба да изберам еден за финале…
-
Италија15 часа
Лацио го исфрли Наполи од Купот на Италија (ВИДЕО)
-
Англија23 часа
Бербатов: Арсенал е новиот Стоук!
-
Англија6 часа
Постекоглу имаше непријатно соочување со фановите на Тотенхем по новиот пораз, па го искоментира инцидентот (Видео)
-
Евролига15 часа
Партизан со лекција за европскиот шампион, Барселона ја прекина црната серија во Евролигата