Поврзете се со нас

Македонија

Шилегов му останува верен на Металург, Чантурија си заминува од Автокоманда

Објавено

на

Екипата на Металург се договори со Мице Шилегов и тој и во наредната сезона ќе биде дел од клубот од Автокоманда.

Шилегов е дете на Металург, клуб во кој е веќе 11 години, па на обострано задоволство е потпишан нов договор. Ова значи дека Мице ќе може директно да соработува, учи од хрватската легенда Златко Хорват кој е една од заислувањата за Металург за следната кампања.

Покрај десното крило поранешниот македнски шампион се засили уште со Бранко Канкараш, Никола Потиќ и Момир Рниќ. Кога е во прашање Металург исто така вреди да се напомене дека од таму си заминува ветеранот Реваз Чантурија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни