Зимски спортови
Шифрин стана најуспешна Американка на Светските првенства во алпско скијање

Микаела Шифрин победи на денешниот натпревар во супер-комбинација во Кортина д’Ампецо и со златниот медал стана најтрофејна Американка на светските првенства во алпско скијање.
Тешката патека во Кортина не ја завршија голем број од учесничките, а Шифрин најави дека оди на злато откако беше трета по првата супер-џи етапа.
На слаломскиот дел Американката очекувано доминираше и на крајот го освои првото место во оваа дисциплина, со што стигна до деветти медал на Светските првенства.
Со шест златни, еден сребрен и два бронзени медали, Шифрин ја остави зад себе Линдзи Вон, која пак е поуспешна во Светскиот куп. Денешната победничка го надмина и Тед Лигети, кој е американски рекордер во машка конкуренција по бројот на златни медали (5).
Шифрин сега е на четвртото место според бројот на медали на Светските првенства од сите земји, а таму води Германката Кристин Кранцл со 15, пред Ања Персон и Мариел Гоишел со по 11 медали.
На денешната супер-комбинација, второто и третото место ги освоија Петра Влхова од Словачка и Мишел Гисин од Швајцарија.
-
Шпанијапред 13 часа
Анчелоти изненади со изјавата: Еден од тројцата отпишани може да остане во Реал!
-
Светпред 24 часа
Станковски со деби гол во својот прв старт за Газиантеп (Видео)
-
АТПпред 9 часа
Ѓоковиќ откри кои три спонзори му останале верни и покрај сите притисоци: Многу сум им благодарен
-
Францијапред 22 часа
ПСЖ ја потврди разделбата со еден од најискусните фудбалери
-
Англијапред 4 часа
Конте си крева на цена: Да ми речеше Леви дека сака да играме во Лигата на шампионите..
-
Англијапред 24 часа
Клоп го најави заминувањето на играч на Ливерпул и порача: Тој е наша легенда
-
НБАпред 11 часа
Далас испушти плус 19, Кари ги прати Дончиќ и соиграчите на спиење (Видео)
-
Шпанијапред 22 часа
Тебас: Не гледам како Барселона може да си го дозволи Левандовски