Шифрин испиша историја со слалом победата во Сент Мориц

EPA/PETER SCHNEIDEREPA/PETER SCHNEIDER

Американката Микаела Шифрин триумфираше на денешниот слалом на Светското првенство во алпско скијање во Сент Мориц, осигурувајќи го својот втор медал на ова натпреварување.

Шифрин успеа со доминантна победа да стигне до златниот медал, а зад себе ги остави Венди Холденер од Швајцарија и Фрида Хансдотер од Шведска.

Она што е важно за Шифрин е што стигна до третата победа по ред во оваа дисциплина на светските првенства, а такво нешто и успеало само на Германката Кристл Кранц, но во далечната 1939 година и кога не постоел формат како Светско првенство. За тоа колку е важен рекордот на Шифрин покажува и фактот што во машка конкуренција три титули едно подруго има освоено само Ингемар Стенмарк.

Facebook Коментари