Шифрин доминантна на слаломот на Сљеме

mikaela-shifrin

Микаела Шифрин победи на слаломската трка на Сљеме, близу Загреб, со што третпат во својата кариера го заслужи приматот „Снежна кралица“, кој претходно го освојуваше во 2013 и 2015 година.

Американката имаше дури 1,59 секунди предност пред второпласираната Венди Холденер од Австрија, додека третото место го освои Швеѓанката Фрида Хансдотер.

За Шифрин ова е седма победа сезонава во Светскиот куп во алпско скијање, со што го зголеми водството во генералниот пласман пред Викторија Ребенсбург, а води и во борбата за малиот кристален глобус во слаломската дисциплина.

Facebook Коментари