Шевченко „знае“ кој ќе ја подигне титулата во ЛШ: Ако тој продолжи вака да игра…

sevko

Еден од најдобрите украински фудбалери на сите времиња и сегашен предводник на националниот тим, Андриј Шевченко го издвои најголемиот фаворит за трофејот во Лигата на шампионите.

Шевченко кој воедно е амбасадор на финалето кое годинава ќе се одржи во Киев верува оти Барселона ќе се искачи на врвот на Европа под услов Лионел Меси да биде на нивото од дуелот со Челси (два гола, една асистенција).

-Ако Меси игра така како во средата, Барса ќе биде европски шампион во оваа сезона. Меси е незапирлив. Го видовме тоа против Челси. Тој е на многу високо ниво, -истакнал Шева за „Мундо Депортиво“ притоа споменувајќи ги Реал Мадрид и Манчестер Сити како тимови кои би можеле да станат прваци ако магијата на Лео не функционира во продолжението од елитното натпреварување.

Facebook Коментари