Поврзете се со нас

Италија

Шевченко за тренерот кој треба да го преземе Милан: Можам да кажам…

Објавено

на

Милан треба да добие сосема поинаков лик во натпреварувачката 2024/2025, сезона која дефинитивно ќе биде започната со нов тренер на кормилото затоа што Стефано Пиоли е веќе минато.

Според најавите испразнетото место треба да биде пополнето со 51-годишниот Пауло Фонсека кој досега го водеше Лил, а во италијанскиот фудбал има искуство како тренер на Рома во периодот од 2019 до 2021 година.

Андриј Шевчеко како една од легендите на „росонерите“ сака клубот да биде успешен, па даде краток коментар за изборот на Португалецот.

-Не знам дали е официјално или не, можам да кажам дека Пауло добро работеше во Украина и остави белег. Тој е компетентна и угледна личност. Сериозен човек. Ама не знам какви планови има Милан и кои се неговите. Тие ќе зборуваат за тоа, претпоставувам, -вели Шевченко кој говореше и на тема напаѓач.

-Мене ми изгледа логично по заминувањето на Жиру. Жиру, вистински центарфор, исто така направи прекрасни работи во Милан. Нема да биде лесно да го замените. Без него ќе ни треба уште еден вистински напаѓач, способен да гарантира 16-17 гола. Проблемот на тимот во последно време е тоа што напаѓачите постигнуваа малку голови, -порача Украинецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни