Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Шевченко пред битката на неговите поранешни клубови: Челси ќе го крене нивото на игра, но Милан…

Објавено

на

Третата рунда во Лигата на шампоните носи неколку супер интересни пресметки, а една од нив е онаа меѓу Челси и Милан во Лондон.

Ова е дуел на последниот и првиот тим во групата Е, односно резултатите од претходните две рунди го притискаат Челси да дојде до триумф со кој ќе се стави во многу подобра позиција. Андриј Шевченко имаше можност да игра за двата клуба во кариерата, па во пресрет на натпреварот закажан за в среда од 21 часот даде свое предвидување.

-Ќе има многу жешка атмосфера. Челси треба да победи и ќе го крене темпото, но Милан има квалитетни играчи. Тоа ќе биде посебен натпревар за Жиру кој играше за Челси, му оди многу добро, тој ќе биде центарот на овој натпревар, -порача Украинецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни