Поврзете се со нас

Италија

Шевченко очекува многу од Горан: Ја дозирав минутажата на Пандев поради мечот кој следи!

Објавено

на

Foto:twitter.com/jksheva7

Џенова одигра катастрофален натпревар против Јувентус на кој не испрати ниту еден директен шут кон голот, а фактот што ниту еднаш не беше тестиран Шчесни е јасен показател дека Андриј Шевченко има огромна работа пред себе на Мараси.

Легендарниот Украинец се уште не ја почувствува сласта на победата како тренер на Џенова, но и покрај лошото издание во Торино и поразот од 2:0, тој е оптимист дека тимот ќе се издигне и дека ќе го покаже најдоброто лице на најважниот меч во сезоната.

Џенова во следното коло ја пречекува Сампдорија во локалното и луто Дерби дела Лантерна, за кое Шевченко вели дека го подготвува искусниот Горан Пандев како стартер.

Гоче вчера одигра 30-тина минути против Јувентус и покажа најмногу желба за креација од напаѓачите на Џенова, па новинарите го запрашале Шева дали тој ќе биде неговиот избор против Сампдорија.

– Поради ова ја дозирав минутажата на Пандев во овие неколку средби. Го чував за големото дерби кое следи, ние веќе со мислите сме на тој меч. Тоа ќе биде мое прво Дерби дела Лантерна, а од луѓето сум слушнал дека тоа е многу специјален меч. Покрај Пандев, ќе видиме дали ќе можеме да сметаме на некој од Ровелја, Стураро и Баделј, играчи кои ни недостасуваа против Јувентус, – изјавил Шевченко.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни