Поврзете се со нас

Италија

Шевченко не стравува за својата работа во Џенова: Животот е подеми и падови…

Објавено

на

Џенова не успеа да направи изненадување и беше елиминирана од Милан во Купот на Италија.

Гостите долго се бореа на „Сан Сиро“, водеа со 1-0, но фаворитот во вториот дел израмни за да во продолженијата со два гола стигне до триумф од 3-1 и пласман во следната фаза. Со ова дефинитивно ќе се зголеми притисокот кон Андриј Шевченко кој според медиумите од претходно е на „тенок мраз“ со оглед на тоа што во досегашниот престој на кормилото на Џенова има само една победа и тоа во Купот над Салернитана.

Сепак Шевченко е мирен иако признава дека клубот во секое време може да донесе одлука за негово отпуштање.

-Ја работам мојата работа ден по ден. Имам 45 години, се уште сум млад и стекнувам искуство. Животот е подеми и падови, победи и порази, одам напред и фокусирани сме на проектот. Момците добро се снајдоа денеска, полека го гледаме квалитетот кој излегува со работа на тренинзите.

-Што се однесува до мене, јас ја работам мојата работа на дневна основа. Клубот потоа ќе треба да ги соопшти своите одлуки, -порача Шевченко кој беше фантастично пречекан на „Сан Сиро“ од поддржувачите на „црвено-црните“.

-Секогаш сум среќен што се враќам овде на Сан Сиро, пречекот беше фантастичен и им благодарам на навивачите на Милан. Исто така, сакам да им се заблагодарам на навивачите на Џенова кои дојдоа овде да го поддржат тимот, -рече Украинецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни