Поврзете се со нас

Светски првенства

Шевченко: Мотивацијата е неверојатна, Украина мора да игра на СП

Објавено

на

Пред Украина е првиот посериозен предизвик по подолга пауза, баражот за пласман на Светското првенство во Катар.

Украинците поради ситуацијата во нивната држава не беа во можност да играат во првиот термин, па дуелот со Шкотка беше одложен за вечерва од 20:45 часот. Останува да се види како овој состав ќе одигра, ќе се справи пред се со сите емоции, па и притисок со оглед на тоа што фудбалерите сакаат да им дадат причина за радост на сонородниците, сакаат да обезбедат пласман на мундијалот.

Сепак за тоа мора прво да се мине Шкотка, потоа и Велс, но според легендарниот Андриј Шевченко тоа е мисија, цел која може да биде остварена.

-Натпреварот против Шкотска е надеж за целата наша земја. Пласманот на Светското првенство сега е многу важен за Украина. Мотивацијата е неверојатна. Според мене, треба да го оставиме резултатот на страна и да се фокусираме само на теренот. Мора да играме за навивачите, за цела Украина, за оние дома, за оние кои ја бранат земјата и за оние кои ја напуштија земјата.Верувам дека можеме да ја победиме Шкотска, а потоа и Велс и да се пласираме на Светското првенство. Играчите знаат што да прават, -порача Шевченко.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни