Поврзете се со нас

Светски првенства

Шевченко ја објасни стратегијата со која Украинците го „ставија во џеб“ Мбапе

Објавено

на

Украина покажа голем квалитет во дефанзивен поглед и успеа да го расипе отворањето на мундијалските квалификации за актуелниот светски шампион, откако изминатава вечер одигра 1:1 против силната Франција на нејзин терен.

Натпреварот на „Стад де Франс“ беше фантастично тактички подготвен од гостинскиот селектор Андриј Шевченко, легендарниот напаѓач од оваа земја кој сега во улога на стратег откри дека тој и неговите соиграчи успеале добро да ја неутрализираат најголемата опасност од противничката страна.

Легендарниот Шева објасни дека тој и фудбалерите добро ја анализирале Франција и подготвиле посебна стратегија за Килијан Мбапе, па цела игра во одбрана се засновала да се фрустрира големата ѕвезда на ПСЖ. Украинците успеаја во тоа и Мбапе немаше речиси никаков учинок на теренот пред да биде повлечен од игра во 77-та минута, а откако и самиот Дешамп призна дека Килијан имал лош меч, интересна за слушање беше изјавата на гостинскиот селектор.

– Навистина добро го имавме простудирано нашиот противник. Минатиот меч кој се одигра минатата година ни даде добри информации дека ако играте отворено против нив, правите самоубиство, – изјави Шевченко, потестувајќи се на високиот пораз од 7:1.

– Тоа ни послужи како лекција. Против играчи како Мбапе кој е неверојатно опасен кога има простор, едноставно ставивме повеќе играчи на неговата страна од теренот. Еден играч му правеше притисок, другиот го покриваше просторот, а доаѓаше и трет ако има потреба. Овој план функционираше перфектно и им честитам на момците, – изјави Шевченко по ремито од 1:1.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни