Свет
Шевченко издвои три украински фудбалери кои може да и наштетат на Италија: Ваков меч не се игра секој ден

Конечната разврска во групата Ц ќе се дознае оваа вечер, бидејќи во ситуација кога Англија е сигурно прва, Украина и Италија во директна пресметка ќе решаваат за тоа кој ќе патува како второпласиран на Европското првенство.
Двете селекции влегуваат со ист број на бодови (13) на вечерниот дуел кој се игра во ист термин како оној меѓу Македонија и Англија (20:45 часот), но на Италијанците им одговараат две сценарија, додека на Украинците само една.
„Аѕурите“ ќе се пласираат на турнирот во Германија со победа и реми, додека Украина мора да брка победа и само со три бода ќе се најде на завршницата на Европското првенство.
– Ова е неверојтно важен меч за нас, ова е повеќе од игра за сите во Украина. И покрај војата и тешките околности со кои се соочуваме, тимот се уште е во добра позиција. Тимот претрпе генерациска смена, но ние имаме важни играчи како Мудрик, Судаков и Циганков, – вели легендарниот Андриј Шевченко во интервјуто за „Газета“.
Натпреварот ќе се игра на „Бај Арена“ во Германија, а Шева е свесен дека голем влог ќе имаат и Италијанците кои останаа без Светското првенство во Катар.
– Ребров направи извонрена работа како селектор. Го презема тимот во тежок период, донесе своја филозофија и тимот се разигра. Немаме што да загубиме, но тоа не значи дека сме задоволни со тоа што сме го оствариле досега. Знаеме дека Италија ќе пристапи на овој меч како тим, имаат големи мотиви. Го познавам Спалети и многу го почитувам и пласманот на Европско првенство им значи многу. Сепак, ние сме подготвени за нив, веруваме во себе бидејќи ова не е меч кој се игра секој ден, – завршува Шевченко.
-
Англијапред 8 часа
Матиќ ги обелодени двете ѕвезди на Јунајтед кои редовно доцнеле на тренинзите: Останатите бевме бесни
-
Англијапред 23 часа
Кин почнува да се сомнева во Сити: Има причина зошто…
-
Светпред 9 часа
Родригез ги одбил Сити и ПСЖ: Флорентино ми постави едно прашање пред да потпишам за Реал
-
Англијапред 10 часа
Ширер: Јунајтед има голем проблем во соблекувалната, четворица играчи се откажаа од борба
-
Италијапред 21 час
Поранешен италијански судија го закачи Мурињо: Голем тренер не ги прави овие работи, ова мора веднаш да престане
-
Англијапред 9 часа
Артета му одговори на Пеп со иста мера и ги насмеа новинарите (Видео)
-
Англијапред 11 часа
ФА покрена истрага против Сити за завршницата од дербито, шампионот мора да даде одговор до четврток
-
Германијапред 22 часа
Хаман за ѕвездата на Баерн: Тухел не го сака во екипата, нивните патишта се разминуваат