Поврзете се со нас

Италија

Шевченко има примамлива понуда од Португалија

Објавено

на

Андриј Шевченко не се прослави во својот прв клупски ангажман и за кратко време доби отказ од Џенова и тоа откако не успеа да ги размрда Горан Пандев и соиграчите.

Секако ова беше разочарување за Украинецот кој добил совет од агентот да не прифаќа ниту една понуда до крајот на сезоната и потоа да пресече околу тоа каде би можел да ја продолжи кариерата. Меѓутоа тој планиран одмор, план може да се промени затоа што за Шевченко интерес покажува португалскиот гигант Бенфика.

Според „Рекорд“ клубот од Лисабон е во потрага по наследник на Жоржe Жезус, па во Шевченко гледа идеален кандидат за таа позиција.

Популарниот Шева е во контакт и со полската федерација која го сака за селектор што значи останува да видиме која ќе биде неговата одлука.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни