Поврзете се со нас

Свет

Шевченко има нова фудбалска мисија: Горд сум, ова е голем предизвик за мене

Објавено

на

Foto:twitter.com/uafukraine

Андриј Шевченко беше неповторлив напаѓач и долгогодишен репрезентативец на Украина, а откако имаше и улога на селектор, сега ја добива и третата најважна позиција во домашниот фудбал.

Легендарниот Шева денеска доби едногласна поддршка и беше избран за нов претседателот на фудбалскиот сојуз на Украина, земја која минува во навистина тешки и предизвикувачки денови поради воената агресија на Русија.

Во изминатите две години, Шевченко во неколку наврати потенцираше дека воопшто не размислува за фудбал, но сега е убеден дека оваа убава игра може да направи мала дистракција со која Украинците би се регенерирале од лошите спомени.

– Живееме од ден за ден, правиме се за да ја одбраниме нашата татковина, нашата цел е да бараме мир за да им дадеме шанса на сегашните и идните генерации да живеат во својата земја. Имаме 350 стадиони кои се урнати од војната, но стадионите и зградите ќе се обновата. Тешко е за луѓето кои загинаа, за нашите млади луѓе кои две години секојдневно ја доживуваат војната. Има многу трауматизирани деца, мора да им градиме проекти, спортот има неверојатно влијание не само на децата, туку и на луѓето. Спортот им овозможува на луѓето да заборават, да се регенерираат од лошите спомени. Чувствувам голема одговорност за сето ова, ќе го дадам најдоброто од себе.

– Ова е голем предизвик за мене, многу важен предизвик. Горд сум што сум Украинец, имаме многу силни луѓе. Една од нашите цели е да го одржуваме и подобриме фудбалот за време на војната. Ни претстои важна година, имаме репрезентација која ќе игра плеј-оф за ЕП 2024, исто така се трудиме да бидеме внимателни кон реалноста на женскиот фудбал. Имаме проекти во најава, вклучително и хуманитарни, за да дозволиме луѓето да се опорават по периодот на војна. Спортот има огромна сила. Оваа улога ми дава голема одговорност и огромна гордост. Подготвен сум. Во овие моменти на војна, ќе мораме да се трудиме уште повеќе од досега, – изјави Шева.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни