Поврзете се со нас

Италија

Шевченко има јасен план за својата кариера кога е во прашање Милан

Објавено

на

Андриј Шевченко е максимално насочен на обврската која ја има како слектор на украинската фудаблска репрезентација, но 43-годишниот стручњак не крие дека во иднина исполнување на сонот ќе биде да добие тренерска работа во неговиот омилен клуб.

Популарниот Шева е најдобар голгетер на Милан во последните 25 години и со доста тешко срце ги следи непосакуваните случувања на „Сан Сиро“, но во исчекување на подобри денови, нагласува дека порано или подоцна, тој ќе добие шанса да го предводи тимот од клупата.

– Во овој момент, најважна работа е да се заврши оваа сезона и да почекаме подобри денови за сите.

– Што се однесува до мојата поврзаност со Милан, факт е дека сакам да се вратам како тренер еден ден. Милан секогаш ќе биде во моето срце, имам неверојатна врска со фановиоте на клубот и ќе видиме што ќе донесе иднината.

– Милан е во моето срце, една од моите цели е да се вратам во „росонерското“ семејство како тренер, – изјави Шевченко.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни