Поврзете се со нас

Свет

Шевченко го откри името на светски познатиот фудбалер кој најмногу и помага на Украина

Објавено

на

Андриј Шевченко во разговор за домашните медиуми во Украина говореше за заедништвото кое го покажува фудбалското семејство во обидот да се сопре руската агресија на тлото на неговата родна земја, но истовремено откри и која фудбалска ѕвезда најмногу се залага со помош и директно дејствува на различни начини.

Легендарниот украински голгетер е посебно горд на поддршката која доаѓа од земји како Италија и Англија, но кога требаше да именува еден странски фудбалер кој испраќа најмногу помош, без проблеми го именувал Роберт Левандовски.

Напаѓачот на Баерн како лидер на Полска веднаш одби да игра бараж натпревар против Русија, а Шевченко открива дека Леви не е силен само на зборови, туку и на дела.

– Кој странски играч дава најголема помош? Тоа е Роберт Левандовски, капитенот на Полска. Направи толку многу работи на различни нивоа, испраќа помош во секако вид.

– Ме радува и поддршката од Англија и Италија. Во тек е кампања која верувам дека еден ден ќе ја сопре оваа војна и верувам дека другите народи ќе и помогнат на Украина, – вели Шева.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни