Поврзете се со нас

Италија

Шевченко ги посочи клубовите кои ќе се борат за пехарот во Серија А

Објавено

на

Поранешната ѕвезда на Милан, Андриј Шевченко ги посочи клубовите кои според него ќе се борат за пехарот во Серија А.

Шевченко доста време играше во Калчото, беше и прв стрелец, но и се радуваше на Скудетото што значи многу добро знае што е потребно за успех, одличен резултат. Украинецот верува дека неговиот Милан е спремен да го нападне врвот, а притоа ги издвои уште Интер, Наполи, Рома како и Јувентус кој очајно ја започна кампањата.

-Тие се жива екипа, со одлично темпо. Тим што е пријатен за гледање, игра лесно и исто толку лесно успева да изгради одлични акции. Тие создаваат, играат вертикално, секогаш се обидуваат да контролираат и имаат многу решенија. Ми се допаѓа тимот, тие ќе бидат таму до крајот за да се обидат да го освојат Скудетото, -рече Шевко и додаде:

-Интер многу промени, ама остануваат компетитивни. Потоа, Наполи, Рома и секако Јувентус. Почнаа лошо, но секогаш знаат како да станат. Гледам голема израмнетост [во првенството], ќе биде уште поубаво поради оваа причина, -заврши Украинецот.

По три одиграни кола Рома, Милан и Наполи се на делба на првото место со максимални девет бода.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни