Поврзете се со нас

Италија

Шевченко: Емоции има, ама ќе направам се за да го запрам Милан

Објавено

на

Џенова утре е домаќин на Милан во Серија А, а тоа значи дека новиот тренер на Горан Пандев и комппанија, Андриј Шевченко за првпат ќе се соочи со клубот во кој ги мина најубавите времиња од играчката кариера.

Ова дефинитивно ќе биде посебна средба за Украинецот кој сепак порача дека сите емоции ќе ги блокира и како професионалец ќе се обиде да му направи проблеми на клубот од Милано.

-Сигурно ќе бидам возбуден, но во моментов се обидувам да ги блокирам моите емоции. Јас сум професионалец и им ветив на навивачите на Џенова дека ќе дадам се од себе за нив. Во моментов, ќе направам се што можам за да го доведам Милан во тешкотии. Мора да бидеме многу внимателни, многу внимателни. Ќе навивам за Милан како и секогаш, но не и на натпреварот против Џенова, -рече Шевченко.

„Росонерите“ доаѓаа во Џенова по два порази во Калчото, па Шевченко е свесен дека „црвено-црните“ ќе сакаат да ги освојат трите бода и да се вратат на победнички патеки.

-Вистина е дека Милан доаѓа од два порази, но игра добар фудбал. Гледав многу од нивните натпревари, особено последните два. Тие се тим кој игра добро и создава шанси, -истакна популарниот Шева.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни